Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
АТП реши да го казни Вимблдон и донесе одлука да не се доделуваат бодови оваа сезона поради тоа што раководството на турнирот реши да ги суспендира руските и белоруските тенисери.
На суспензијата на руските и белоруските тенисери, покрај АТП, се бунеше и женската тениска асоцијација (ВТА), која допрва треба да донесе конечна одлука.
Ова значи дека најмногу ќе загуби Новак Ѓоковиќ, кој ќе го загуби првото место на АТП-листата бидејќи ќе загуби 2.000 бодови, кои претходно ги освои со трофејот во Лондон.
Додека Ѓоковиќ губи 2.000 бодови, второпласираниот тенисер на АТП-листата, Данил Медведев ќе загуби само 180 бодови и ќе го стигне Србинот на ранг-листата.