Ѓоковиќ ќе биде во ждрепката на Индијан Велс, но не се знае дали ќе игра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на списокот на учесници за настап на Индијан Велс во САД, но засега останува непознато дали ќе добие дозвола за игра.

Организаторите велат дека Ѓоковиќ ќе биде вклучен во главната ждрепка, но сè уште се чека одобрението за влез во САД.

„Ѓоковиќ е на списокот со учесници, па затоа го ставивме во главната ждрепка. Постојано контактираме со неговиот тим, а засега не е јасно дали ќе настапи поради тоа што се чека одобрение“, соопштија организаторите.

Србинот не е вакциниран, а за влез во САД е потребна целосна вакцинација против ковид-19. Во секој случај, тој треба да игра во второто коло од турнирот, доколку му дозволат властите.