Ѓоковиќ ќе го почне Австралијан опен против – Хрват!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе го почне Австралијан опен против 18-годишниот хрватски играч Дино Прижмиќ.

Прижмиќ преку квалификациите стигна до главната ждрепка на Австралијан опен и тоа ќе биде негов прв настап на гренслем-турнир во сениорска конкуренција.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Прижмиќ е закажан за недела наутро.