Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе има големи проблеми за настапите на турнирите оваа година бидејќи не е вакциниран, а најголем дел од нив бараат целосна вакцинација.
Еден од турнирите е Монте Карло, а денеска даде коментар и директорот Жељко Франуловиќ за ситуацијата и за можниот настап на Ѓоковиќ на турнирот.
„Ако сакате да дојдете во Франција, прво правило е да бидете вакцинирани. Протоколот на АТП ви нуди и еден месец пред почетокот да се обезбеди потврда за тоа дека сте биле заразени со ковид-19. Колку што знам, Ѓоковиќ не е вакциниран, па само ако ги исполнува условите, ќе го пречекаме со раширени раце“, вели директорот.
Франуловиќ кажа дека разговара и со останатите тенисери, но со нив нема да има проблеми затоа што се вакцинирани.
„Разговаравме со сите тенисери. Сите се вакцинирани освен него. Не може да се ставиме на негово место, зашто тоа е негов избор. Учеството на турнирот зависи само од него“, кажа Франуловиќ.