Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро смета дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Ју-Ес Опен, а од друга страна Рафаел Надал нема да настапи.
Набрзо очекуваме продолжение на сезоната, а поради густиот распоред некои тенисери ќе се определат за еден од двата гренслема, односно Ју-Ес опен или Ролан Гарос.
„Јас верувам дека врвните тенисери ќе играат на двата големитурнир, Ју-Ес Опен и Ролан Гарос. Тие долго чекаат шанса да играат и верувам дека ќе излезат на терен за да се натпреваруваат меѓусебно. Јас мислам дека Ѓоковиќ ќе игра на Ју-Ес Опен, додека за Надал баш и не сум сигурен“, кажа Мекинро.