Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Олимписките игри (ОИ) во Токио.
Србинот оваа година триумфираше на Австријал опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а по победата во Лондон кажа дека се двоуми за тоа дали да учествува на ОИ.
„Со голема почит се пакувам за Токио и им се приклучувам на нашите сонародници во борбата за медали на ОИ“, вели Ѓоковиќ.
Освен тоа, Ѓоковиќ планира да игра и на последниот гренслем-турнир во сезоната, па така би можел конечно да ги освои сите четири трофеи во една година.
Ѓоковиќ најголемиот успех на ОИ го оствари во 2008 година кога го освои бронзениот медал.