Ѓоковиќ ќе игра само еден гренслем-турнир годинава?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засега не е официјално познато дали Новак Ѓоковиќ ќе замине во Мелбурн и ќе настапи на Австралијан опен оваа година, а сега се јави и неговиот поранешен тренер.

Рикардо Пјати кажа дека најдобриот тенисер во светот ќе може да настапи само на еден гренслем-турнир во 2022 година, ако не се промени нешто во следниот период.

Србинот нема да настапи на АТП-купот, а и понатаму се поставува прашањето дали може да учествува на својот омилен гренслем, со оглед на тоа дека е задолжителна вакцинацијата.

„Што се однесува до почетокот на сезоната, мораме да видиме дали Ѓоковиќ ќе игра и колку, со оглед на тоа дека не знаеме дали е вакциниран. Без вакцина, тој може да игра само во Европа, односно само на еден гренслем-турнир, а тој е во Париз“, кажа Италијанецот.