Ѓоковиќ ќе игра во САД: Србинот се пријави на турнир кој е посебен за него! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ би можел по паузата да заигра во САД, и тоа на Мастерсот кој за него е посебен.

Ѓоковиќ засега не потврди дали ќе игра на Ју-Ес Опен, кој ќе почне на 31 август во Њујорк. Сепак, најави негово пристигнување во САД бидејќи побара да му биде доставен „специјален пакет“ со топчиња од тој гренслем.

Организаторите на Мастерсот во Синсинати објавија листа на пријавени тенисери, а на нив на прво место е српскиот тенисер.

Покрај Ѓоковиќ, на листата се наоѓаат уште Рафаел Надал, Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александер Зверев, Матео Беретини, Давид Гофан, Роберто Баутиста Агут и Диего Шварцман.