Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот во Монте Карло, но тоа нема да биде случај и со Данил Медведев, кој го очекува пауза.
Русинот сезонава накратко ја прекина доминацијата на Србинот на врвот на АТП-листата, но Ѓоковиќ се врати на тронот и досега помина 364 недели на врвот.
Повредата на Русинот значи дека нема да биде на терен на неколку турнири во сезоната на земја, а тоа ќе му даде шанса на Ѓоковиќ да создаде голема предност.
Претседателот на Руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев кажа дека Медведев не мора да се грижи.
„Данил не смее да брза со враќањето на теренот, мора полека да се рехабилира и да влегува во форма. Сепак, мислам дека има одлични шанси да игра во Париз. Ќе пропушти неколку Мастерси, а Ѓоковиќ може да ја зголеми разликата меѓу нив двајца“, вели тој.