Ѓоковиќ ќе остане на врвот и по турнирот во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ја почна 385. недела на врвот на АТП-листата, а таму ќе остане и по завршување на турнирот во Мадрид по кој ќе има 6.775 бода.

Засега не е познато колку голема ќе биде предноста пред Карлос Алкараз, кој ја брани титулата во Мадрид.

Алкараз може да достигне до 6.770 бодови по турнирот на Мадрид, а доколку не ја одбрани титулата, тогаш ќе загуби и дел од поените.

Интересна е битката за третата и четвртата позиција затоа што Каспер Руд е елиминиран и ќе остане на 5.165 бода, додека Стефанос Циципас е на добар пат да го надмине.