Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз се игра од 15 часот, а српскиот тенисер би можел да урне неколку рекорди.
Победникот од мечот од следната недела ќе биде прв на АТП-листата, а исто така ќе го зголеми бројот на гренслем-титули.
Доколку Ѓоковиќ го освои Вимблдон, тоа ќе биде негов 24. гренслем-пехар, па така ги остава зад себе Рафаел надал со 22 и Роџер Федерер со 20, а воедно ќе се израмни со Маргарет Корт која освои ист број на титули од 1960 до 1977 година (11 во Опен ерата).
Ѓоковиќ сигурно ќе го урне и бројот на титули на легендарната Крис Еверт, а Србинот воедно по 35. пат ќе се бори за ваква титула и тоа никогаш досега не му успеало на некој тенисер.
Србинот дури седум пати го освои Вимблдон и денеска може да ја освои осмата титула на популарниот турнир.
Ноле би можел и да стане најстариот шампион на Вимблдон во историјата и единствен тенисер кој освоил повеќе од една гренслем-титула по 35-годишна возраст.