Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ имаше лош настап на Олимписките игри во Токио, каде што не успеа да освои медал, но вели дека тоа ќе му биде мотивација за следните игри, кои ќе се одржат во Париз во 2024 година.
Ѓоковиќ се надеваше на златен медал, но не успеа во својата намера да се закити со таков успех, па златото ќе го брка во 2024 година во Париз.
„Чест ми беше да ја претставувам Србија и жал ми е што не освоивме медал, но тоа ме мотивира да продолжам со тренинг и да се вратам посилен во Париз“, вели Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во полуфиналето во Токио загуби од Александар Зверев, а потоа и од Пабло Карено Буста во борбата за бронзата.
It was a true privilege to represent #SRB at the Olympics. Thank you #Tokyo2020 and everyone that helped us come together for the magic of sport. I know in my heart I gave it everything to fight for a medal, and I’m looking forward to coming back stronger at #Paris2024. #tennis pic.twitter.com/6cCpJh4uTK
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 4, 2021