Ѓоковиќ луто им одговори на навивачите: Не ве слушам!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ избори полуфинале на Ју-Ес опен со победата од 3-1 во сетови против Италијанецот Матео Беретини.

Со победата против Беретини, Ѓоковиќ стигна до 224. победа против топ-10 играчите во 325. меч и така го урна рекордот на Роџер Федерер, кој славеше на 223 дуели.

Првиот сет траеше речиси 80 минути, а најголема битка се водеше во седмиот гем, кој го доби Ѓоковиќ по 10 минути, а навивачите постојано го провоцираа Србинот.

Ѓоковиќ во еден момент се изнервира и покажа кон неговото уво, односно им порача на навивачите „Не ве слушам“.