„Ѓоковиќ ми ја спаси кариерата“


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Романската тенисерка Андреа Присакариу, која се наоѓа на 301. место на ВТА-листата, привлече големо внимание со коментарите за Новак Ѓоковиќ.

Присакариу неколку пати му даде поддршка на Ѓоковиќ, додека сите го напаѓаа, а сега откри дека тој ѝ ја спасил кариерата.

Младата тенисерка призна дека Ѓоковиќ бил човек кој ја инспирирал во изминатите години да продолжи да се занимава со тенис.

„Ѓоковиќ ми е вечна инспирација. Тој е еден од ретките кои навистина им помагаат на тенисерите. Всушност, дури и спонзорира некои од нив. Немам зборови да го опишам. Кога бев јуниорка, барав негови видеа и заспивав со нив“, вели Романката.