Ѓоковиќ: Ми се допаѓа филозофијата на Ибра, тој е симбол на балканскиот менталитет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по триумфот во Париз следната недела ќе игра на завршниот Мастерс во Торино.

Најдобриот тенисер во светот ќе биде фаворит за титулата, а пред заминувањето за Италија даде интервју за „Газета дело Спорт“.

„Поразот го доживувам како можност за психички раст и силен карактер, шанса да се извлечам од тешка ситуација како човек и да станам подобар тенисер од тоа што сум“, вели Ѓоковиќ.

Во Италија игра и еден од неговите пријатели и омилени фудбалери, а тоа е Златан Ибрахимовиќ.

„Ми се допаѓа неговата филозофија, кога ќе каже дека е повозрасен, а се чувствува помладо. Тој е симбол на балканскиот менталитет. Се препознавам во него затоа што има менталитет на шампион“, објаснува Србинот.