Ѓоковиќ: Минатата година не направив ништо лошо, но тие од мене направија негативец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е главна тема во австралиските медиуми и сите ја пренесоа неговата изјава дека минатата година не направил ништо лошо, кога беше депортиран од Австралија.

Србинот е прв фаворит за освојување на титулата во Австралијан опен, а во разговор со медиумите кажа дека се обидува да помине низ драмата која му се случи минатата година.

Ѓоковиќ сè уште не е вакциниран, а минатата година без разлика на неговиот медицински исклучок не доби шанса за настап во Мелбурн.

„Двајцата или тројца луѓе влегоа во Австралија 10 дена пред мене, со истиот медицински документ кој го имав и јас. Ги следев правилата. Не згрешив ништо, но тие од мене направија негативец“, кажа Ѓоковиќ.