Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ се избори за финале на Австралијан опен, откако во полуфиналето беше подобар од Томи Пол со 7-5, 6-1 и 6-2, па ќе се бори за 22. гренслем-титула.
Ѓоковиќ на прес-конференција доби прашање за однесувањето на неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ, кој претходно беше снимен како позира со навивачите со руски знамиња.
„Како прво, моето семејство многу добро знае што е војна затоа што помина низ неколку. Татко ми кажа дека е против било каква војна. Како второ, татко ми по секој меч се слика со навивачите пред стадионот. Спорната фотографија е направена додека поминувал. На видеото се слушна како ги поздрави луѓето, вие не сте го разбрале“, кажа Ѓоковиќ.