Ѓоковиќ наскоро ќе ја дознае одлуката дали ќе настапи на Австралијан опен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заглави на аеродромот во Мелбурн, а беше и во миграционен притвор поради административна грешка.

Ѓоковиќ за два часа ќе дознае дали ќе му биде дозволен влез во Австралија или ќе мора да се врати дома и ќе го пропушти Австралијан опен.

Австралиските медиуми пишуваат дека одлуката ќе биде позната од 22.30 и 23 часот по македонско време, а тогаш сите ќе дознаеме дали Ѓоковиќ ќе остане или не.

Србинот претходно доби медицински исклучок со кој можеше да настапи на Австралијан опен, меѓутоа законите за влез во државата се ригорозни и има шанси да биде одбиено неговото барање.