„Ѓоковиќ не би можел да ја продолжи кариерата без вакцина, ова во Австралија беше хаос!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тенисер Тим Хенман смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира, ако сака нормално да ја продолжи неговата кариера.

По депортацијата од Австралија, постојано се пишува за тоа дали Ѓоковиќ ќе може да игра на Ролан Гарос и Вимблдон, поради мерките во Франција и Англија.

„Кога размислуваме за фијаското со Ѓоковиќ, тоа беше хаос. Немаше победник во спорот. Тоа што се случи не е добро за никого. Секако дека е разочарување што не настапи Ѓоковиќ. Се надевам дека нема да му се случи нешто слично во иднина“, вели Хенман.

Сите се прашуваат што ќе биде со Ролан Гарос, Вимблдон, но и Ју-Ес опен за српскиот тенисер.

„Што ќе прави Ѓоковиќ? На него ќе му биде тешко да ја продолжи професионалната кариера доколку не прими вакцина, зашто во многу држави не може да патува. Секако, тоа е негов личен избор“, објаснува поранешниот тенисер.