Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои завршниот турнир во Торино и ја завршува годината на првата позиција на АТП-листата.
Ѓоковиќ по седми пат во кариерата славеше на завршниот турнир во годината, но не мисли тука да запре, туку најави нов поход кон успеси.
„Подготовката за следната година ќе биде посебна. Распоредот е густ и ќе биде незгоден, а Олимписките игри во Париз ќе бидат на мојот список. Секако, гренслем-титулите се секогаш моја цел, но и златниот медал на Олимпијадата во Франција“, кажа Ѓоковиќ.