Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го декласира Адриан Манарино со 3-0 во сетови и обезбеди четвртфинале на Австралија опен.
Најдобриот тенисер во светот му остави на ривалот само три гема во текот на целиот меч и потоа излезе задоволен пред новинарите во Мелбурн.
Ѓоковиќ кажа дека не планира да го напушти тенисот додека е на врвот на АТП-листата.
„Додека сум најдобар, не планирам да го оставам тенисот. Сакам да продолжам, а кога ќе почувствувам дека не сум кандидат за гренслем-титула, тогаш ќе размислам за пензија. Сепак, многу работи би можеле да се променат во меѓувреме“, кажа Ѓоковиќ.