Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на турнирот во Мадрид, кој е закажан за период од 24 април до 5 мај.

Засега не е познато поради која причина српскиот тенисер решил да го пропушти турнирот, но се шпекулира дека сака да се одмори пред мастерсот во Рим, кој се игра од 8 до 19 мај.

Турнирот во Рим треба да му биде и „подготовка“ пред почетокот на Ролан Гарос, каде што ќе се обиде да освои уште една гренслем-титула во кариерата.