Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ју-Ес Опен сезонава би можел да мине и без Новак Ѓоковиќ, откако претходно настапот го откажаа Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Српските медиуми пишуваат дека од тимот на Ѓоковиќ соопштиле дека постои можност тој да го пропушти гренслем-турнирот.
Ѓоковиќ се наоѓа на листата со учесници, меѓутоа уште не решил дали ќе игра или не. Конечната одлука се очекува во следните денови.
Годинава Ју-Ес Опен ќе биде првпат да се игра од 1999 година без Надал или Федерер, а освен Ѓоковиќ, настапот е неизвесен и на Григор Димитров.