Ѓоковиќ објави прва снимка по дисквалификацијатa: Среќен сум… (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу работи му се случија на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, зашто неодамна беше дисквалификуван од Ју-Ес опен во четвртото коло, кога ненамерно со топче удри линиска судијка.

Ѓоковиќ е мотивиран за неговиот следен турнир, а пред да настапи на Ролан Гарос, ќе има загревање во Рим, кој е следен турнир на програмата.

„Убаво е чувството повторно да се игра на земјен терен. Одиме во нов предизвик во Рим“, напиша Ноле и објави видео од тренинг на својот профил на Инстаграм.

Српскиот тенисер во првото коло во Рим е слободен, а во второто ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Салваторе Каризо и некој од квалификантите.