Ѓоковиќ објави важно соопштение за продолжение од сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да го пропушти Мастерс турнирот во Синсинати затоа што е изморен по напорните настапи.

Откако не успеа да стигне до посакуваниот златен медал на Олимписките игри, Ѓоковиќ призна дека постоел психички и физички замор и сака да одмори со семејството пред настапот на Ју-Ес Опен.

„Сакам да споделам со вас дека нема да играм во Синсинати за да го искористам времето и да се одморам со семејството. Од Австралија, па до Токио потрошив многу енергија и сега се подготвувам за Ју-Ес Опен. Се радувам што ќе ве видам во Њујорк“, соопшти Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во Њујорк ќе има шанса да ги обедини сите гренслем-турнири во годината, а тоа претходно му успеа на Род Лејвер во далечната 1969 година.