Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана без виза за Австралија на основа на одлуката на министерот за миграција, Алекс Хок кој чекаше дури пет дена за да ја каже неговата одлука.
Причината за молкот на Хок најверојатно е за да се спречи жалба од страна на Ѓоковиќ, кој воедно ќе остане и без шанса да настапи на Австралијан опен.
Тоа што е интересно е дека Ѓоковиќ поради тоа најверојатно нема веднаш да биде депортиран, зашто е потребно одлуката да се потврди на Суд.
„Доколку министерот ја укине визата на Ѓоковиќ, а Новак испрати жалба, тогаш постои опција според која министерот може да го пушти од притвор на основа на посебна виза додека трае процесот на жалба. Тоа може да му овозможи доволно време за да настапи на турнирот“, кажа поранешниот заменик секретар на австралиското одделение за миграција.