Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен, но и покрај тоа остана на тронот на АТП-листата.
Ѓоковиќ немаше решение за расположениот Јаник Синер во полуфиналето во Мелбурн, па поради тоа загуби бодови.
Србинот остана на првата позиција со 9.855 бодови, односно 1.200 помалку од претходната листа, а зад него е Карлос Алкараз со 9.255 поени, додека трет е Данил Медведев со 8.765 бода.
Освојувачот на Австралија опен е на четвртата позиција со 8.310 бодови, додека петти е Андреј Рубљов со 5.050 поени.