Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 373 недела како прв тенисер во светот, а засега ќе остане на оваа бројка бидејќи од следната недела ќе падне од врвот.
На првата листа по завршувањето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ е прв со 8.770 бодови, но сепак ќе му се избришат дел од бодовите следниот понеделник бидејќи не ја одбрани титулата во Париз.
Во моментов Данил Медведев има 8.160 бодови, Александер Зверев има 7.795 бодови, а четврт е Рафаел Надал со 7.525.
Ѓоковиќ од понеделник ќе биде трет во светот, додека прв ќе биде Медведев со 7.800 бодови, а втор Зверев со 7.075 бода, додека Ноле ќе има 6.770. На четврто место останува Надал со 6.525 поени.