Ѓоковиќ откри како му било да го гледа финалето во Мелбурн: Јелена навива за Медведев, а син ми…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ во интервју за „Би-би-си“ кажа дека нема да се вакцинира, а тоа најверојатно значи дека нема да настапи на големите турнири како што се Ролан Гарос и Вимблдон.

Ѓоковиќ на средината на јануари беше депортиран од Австралија и не настапи на Австралијан опен, каде што требаше да ја брани титулата.

Шпанецот Рафаел Надал го искористи неговото отсуство и го совлада Данил Медведев со 3-2 во сетови, а Ѓоковиќ откри како му било додека го гледал натпреварот.

„Сопругата навиваше за Медведев, а син ми за Надал. Стефан скокаше на секој поен кој ќе го освоеше Рафа. Ми беше тешко да го следам натпреварот. Бев неутрален, не сакав да навивам за никого затоа што сакав да играм во Мелбурн“, открива Србинот.