Ѓоковиќ откри која му е омилена победа на Завршниот Мастерс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в понеделник го почнува своето натпреварување на Завршниот мастерс во Торино, а противник ќе му биде Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ пред турнирот одржа прес-конференција на која новинарите имаа прашања за него и едно од нив беше за неговата омилена победа на Завршниот мастерс.

„Мислам дека таа е мојата победа над Роџер Федерер во 2012 година во Лондон. Го добив во два сета, двајцата бевме добри, но мечот го решија неколку поени. Когра играв со Роџер, секогаш беше непредвидливо кој ќе победи. Знаете дека секогаш ќе ве натера да играте најдобар тенис за да победите затоа што секогаш играв на највисоко ниво. Затоа таа победа беше специјална“, кажа Ѓоковиќ.