Ѓоковиќ откри што конзумира наутро: Имам повеќе енергија и се чувствувам подобро!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ откри дека практикувал специфичен начин на исхрана, односно автофагија.

Ѓоковиќ ја користел оваа диета повеќе од една година, а тоа значи дека 16 часа не јадел, по што осум часа конзумирал храна.

„Би сакал да зборувам за постот 16-8, односно 16 часа не јадете, па потоа осум часа конзумирате храна. Тоа го применувам и чувствувам многу подобрувања во изминатиот период“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот откри дека наутро конзумира храна која му дава многу енергија.

„Денот го почнувам со вода и лимон, а потоа пијам сок од целер на празен стомак“, кажа српскиот тенисер.