Ѓоковиќ откри: Во Австралија се вмеша и политиката!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ вчера го одигра првиот меч годинава, откако минатиот месец беше депортиран од Австралијан опен каде што не можеше да го брани трофејот, а во Дубаи го совлада Лоренцо Мусети.

Новинарите во Дубаи ги интересираше што му се случувало на Србинот во Австралија, а Ноле кажа дека и политиката одиграла голема улога во депортацијата.

„Имам големо искуство со медиумите, а најмногу со спортските. Лесно ми е да зборувам со вас, но работите во Австралија ексалираа. Не беше тоа поврзано со спорт, туку и со другите делови од животот. Политиката се вмеша во случајот“, открива Ѓоковиќ.

Србинот е главен фаворит за титулата во Дубаи, но и голем миленик кај публиката, која воодушевено го пречека на турнирот.