Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ падна од врвот на АТП-листата до третото место, а тронот го презема Данил Медведев кој ќе остане таму барем пет недели.
Ѓоковиќ во моментов има 6.770 бодови и падна под Александер Зверев, а во „врат му дише“ и Рафаел Надал со 6.525 поени.
Сепак, Шпанецот нема да се врати пред Вимблдон, па така Ѓоковиќ останува безбеден барем засега, но ова е само почеток на падот затоа што Србинот ќе загуби уште 2.000 бодови.
Ѓоковиќ не се пријави на ниту еден турнир пред Вимблдон, а кога ќе му се одземат 2.000 поени од минаата година, тој ќе падне на 4.770.
Кога на сите ќе им се избришат бодовите од Вимблдон, тогаш пред Ѓоковиќ најверојатно ќе бидат Каспер Руд со 5.050 бодови, Стефанос Циципас со 4.945 и Карлос Алкараз со 4.845 поени.
Тоа значи дека по Вимблдон, српскиот тенисер најверојатно ќе падне на седмата позиција, освен ако не игра на друг турнир за да собере бодови.
Со 373 недели на првото место, Ѓоковиќ е лидер на тронот и сигурно нема да биде урнат неговиот рекорд уште долго, но сега Надал му бега со две гренслем-титули, односно има 22, па ќе биде жестока битка во следниот период.