Ѓоковиќ по победата против Кецмановиќ: Мило ми е што нема пак да играм против Србин


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на „Србија Опен“, откако славеше против сонародникот Миомир Кецмановиќ со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-3 и 6-3.

Ѓоковиќ повторно стигна до пресврт, исто како и во натпреварот против неговиот сонародник Ласло Ѓере.

„Многу слично сценарио. Сет и брејк предност, еден, два поени го свртеа целиот меч. Мислам дека беше израмнето, а јас повторно победив на искуство. Мило ми е што повторно нема да играм против Србин. Чудно е чувството“, вели Ѓоковиќ.