Ѓоковиќ по поразот од Алкараз на Вимблдон: Разочаран сум, но…


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 3-0 во сетови, односно 6-2, 6-2 и 7-6 против Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

Ѓоковиќ кажа дека е разочаран од поразот, но му честиташе на Алкараз за одличната игра на теренот.

„Ова не е резултатот што го посакував, особено во првите два сета. Нивото на тенис не беше на ниво од моја страна. Во моментов сум малку разочаран. Но кога зборуваме низ што поминав со мојот тим и семејството, мора да кажам дека сум задоволен. Беше мојот детски сон да играм овде“, кажа Ѓоковиќ.