Ѓоковиќ по триумфот во Мелбурн се врати на првото место на АТП-листата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Австралијан опен се врати на првото место на АТП-листата.

Ѓоковиќ по триумфот во Мелбурн го престигна Рафаел Надал, па сега има 325 бодови повеќе од својот голем ривал.

Роџер Федерер остана трет, додека финалистот на Австралијан опен, Доминик Тим скокна до четвртото место и го премина Данил Медведев.

Во топ-10 се наоѓаат уште Стефанос Циципас, Александер Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфилс и Давид Гофан.