Ѓоковиќ: Последните два пати бев повреден и пак го освоив Австралијан опен!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс Де Минор во четвртфиналето на Јунајтед купот, но најголем проблем е новата повреда на најдобриот играч во светот.

Ѓоковиќ кажа дека очекува сè да биде во најдобар ред, а притоа посочи дека и претходно бил повреден, но и покрај тоа го освоил Австралијан опен.

„Никогаш не знаете што може да се случи. Во последните два од три настапи се повредив пред Австралијан опен и ги освоив титулите. Се надевам дека сега нема да се повредам, ќе работиме на тоа“, кажа Ѓоковиќ.