Ѓоковиќ преку Пуил до полуфиналето во Токио


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Токио откако го победи французинот Лукас Пуил со 2:0 во сетови.

На Ѓоковиќ ова му е турнир за враќање на колосекот после повредата на своето рамо. Сега му оди многу добро со оглед на тоа дека сите три досегашни натпревари ги доби без изгубен сет.

Денес тој беше голем фаворит против 24тиот тенисер во светот и таа улога ја оправда на теренот без поголеми проблеми.

Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:1 откако направи два брејк-а, за во вториот сет да изгуби еден гем повеќе, но воедно и да слави без проблем.

Тој во наредната фаза од турнирот ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Даид Гофин и Хјеон Чунг. Тој натпревар на распоредот е од 12 часот.