„Ѓоковиќ преживеа војна и глад, но нема да може и злобниот и бездушен Бајден“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува со подготовките за Ју-Ес опен, иако засега не знае дали ќе игра бидејќи според правилата нема право да влезе во САД.

Републиканскиот политичар Луи Гомерт се приклучи на критиките на американскиот претседател Џо Бајден.

Гомерт е само уште еден од американските политичари кои не ја разбираат одлуката за Ѓоковиќ да не може да влезе во САД затоа што не е вакциниран против ковид-19.

„Новак преживеа војна и глад за да стане еден од најдобрите во историјата. Сега очигледно нема да може да го помине ладниот, бездушен и злобден Бајден“, кажа Гомерт.