Ѓоковиќ пријавен за уште еден турнир, но не е познато дали ќе настапи


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е пријавен на турнирот во Париз, кој е закажан за период од 26 октомври до 3 ноември, но сè уште не е потврден неговиот настап.

Ѓоковиќ во моментов е во Кина каде што ќе игра на турнирот во Шангај и ќе се обиде да го освои 100. пехар во кариерата, а потоа ќе донесе одлука за негов настап во Париз.

Ѓоковиќ досега има освоено седум титули во Париз, меѓу кои беше и трофејот од минатата година, па доколку не настапи ќе загуби 1.000 бодови на АТП-листата.