Ѓоковиќ призна дека бил заразен кога правел интервју со „Л’Екип“: Тоа го направив поради две причини!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде големо интервју за „Би-би-си“ во кое раскажа што се случувало во Австралија, а притоа порача дека нема да се вакцинира, па дури тоа и да значи дека мора да ја заврши кариерата.

По големата драма, која траеше речиси две недели, Ѓоковиќ на крајот беше депортиран и не можеше да ја брани титулата во Мелбурн.

Во центар на внимание беше и неговото интервју кое го даде за француски „Л’Екип“ и тоа додека бил заразен со ковид-19, а за тоа не ги известил новинарите.

„Вистина е. Бев позитивен кога дадов интервју и тоа беше грешка. Би сакал да го вратам времето и да постапам поинаку, меѓутоа тоа го направив од две причини. Прво затоа што го почитувам медиумот, а второ е тоа што новинарот Франк го познава многу долго и имавме одличен однос“, вели Ѓоковиќ.