Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 360. недела на врвот на АТП-листата, и покрај тоа што сè уште не одигра ниту еден меч во 2022 година.
Ѓоковиќ се ближи до рекордот по број на недели поминати на врвот, па така само Штефи Граф е пред него со 377 недели на првото место.
Србинот во моментов има 10.875 бодови, додека второпласираниот Русин Данил Медведев има 9.635 бодови.
Српскиот тенисер и следниот понеделник ќе биде прв во светот, но бодовите ќе му се намалат затоа што ќе остане без 2.000 бодови од минатата година, но ќе загуби и Русинот, па разликата меѓу нив двајца ќе биде само 440 бода.
Ноле брани 500 бодови од Дубаи од пред две години, а Медведев не брани бодови, па така Србинот би можел да остане без првото место.