Ѓоковиќ: Разочаран сум, ќе правам пауза!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Австралискиот суд донесе едногласна одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ од Австралија, а судиите решија едногласно да не му ја вратат визата на Србинот.

Ѓоковиќ на крајот ја прифати одлуката и најави дека ќе земе време за одмор и рехабилитација од сè што се случуваше.

„Би сакал да се навратам на резултатите од сослушувањето. Ќе земам малку време за да одморам, пред да давам било какви коментари. Разочаран сум со пресудата и одлуката да ми се укине визата и тоа што не можем да играм на Австралијан опен. Ја почитувам одлуката на Судот и ќе соработувам со надлежните органи во врска со моето заминување од земјата. Непријатно ми е што цело внимание беше посветено на мене во претходните недели“, кажа Ѓоковиќ.