Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е задоволен поради пласманот во полуфинале на Олимписките игри во сингл и во мешани двојки, но не сака дополнителен притисок за медалите.
Ѓоковиќ во четвртфинале во сингл го совлада Кеи Нишикори, а следен противник ќе му биде Александар Зверев, кој ќе биде и најтежок ривал досега на игрите.
„Одличен ден за нас, не се изморив премногу. Идентичен е резултатот во сингл и во мешани двојки, не можеше подобро. Одиграв најдобро што знам против Нишикори и заврши денот на најдобар можен начин. Сите одиме во добар правец, но ве молам да не зборуваме премногу за медалите. Не сакам дополнителен притисок и очекувања“, вели Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да го освои златниот медал за првпат во богатата кариера.