Ѓоковиќ руши рекорди во светскиот тенис!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз откако во финалето го совлада Данил Медведев со 2-1 во сетови.

Првиот сет му припадна на Русинот, кој славеше со 6-4, но Србинот потоа се разбуди и ги доби следните два сета со 6-3 и 6-4.

Ѓоковиќ така ја освои 37. Мастерс титула во кариерата и продолжи да ги руши сите рекорди во светскиот тенис, а годинава ќе ја заврши на првата позиција на АТП-листата бидејќи има повеќе од 3.000 поени предност во однос на Медведев.