Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 2023 година имаше една од најдобрите сезони во кариерата, но не мисли тука да запре.
Ѓоковиќ има 36 години, но смета дека годините не треба да бидат пречка кон нови успеси, а како пример го посочи Том Брејди.
„Една од најдобрите години во кариерата ми беше 2023. Се чувствувам одлично во своето тело, сè е како што треба. Том Брејди ми е инспирација. Тој е човек кој тренирал напорно цел живот и бил голем шампион. Сакам да играм до 45 години“, кажа Ѓоковиќ.