Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ уште еднаш кажа дека сака да ги надмине неговите вечни ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер во сите категории.
Ѓоковиќ сака да стане најдобар тенисер во историјата, а за да успее во тоа, си даде две мисии.
„Ако сте професионален натпреварувач, мора да имате цели, нешто за што ќе се борите. Мора да имате мир во себе. Потребно е да работите на нешто. За мене, два најголеми цели се да имам најмногу гренслем-титули во историјата на тенисот и да бидам тенисер кој најдолго бил број еден во историјата на спортот“, вели Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ следниот понеделник официјално ќе ја прослави 311. недела на врвот на АТП-листата, а ќе има уште шест недели загарантирани на првото место.