Ѓоковиќ: Сакам да ги урнам сите рекорди!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера ја освои титулата на Мастерс-турнирот во Париз и испиша историја откако стана прв тренер со 40 пехари на овие турнири.

Ѓоковиќ нема намера да застане тука и најави дека ќе продолжи да руши рекорди. Следен би можел да биде по бројот на вкупно титули кој го држи Џими Конорс со 109 пехари.

„Мислам дека сè е можно, имам 12 титули помалку од Конорс, но можам да играм уште неколку години. Одам на сите можни рекорди што можам да ги урнам. Никогаш не сум имал проблем да го кажам тоа и можеби луѓето поради тоа не ме сакаат. Никогаш не сум глумел, секогаш сум сакал да бидам искрен“, вели Ѓоковиќ.