Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Париз, а во меѓувреме даде интервју за „Еуроспорт“.
Новинарите ги интересираше неговиот напад на гренслем-титулите и подобрување на рекордот.
„Ако ја освојам 25. титула во јануари, тоа ќе биде одлично. Се надевам дека ќе продолжам да доминирам, не знам како изгледа во јавност, но знам какво е чувството. Се чувствувам како мачка со девет животи. Секогаш кога играм гренслем-турнир, губам по еден живот“, вели Ѓоковиќ.
Мастерсот во Париз ќе биде прв турнир на кој настапил Ѓоковиќ по Дејвис Купот.