Ѓоковиќ се јави по повредата на Јунајтед купот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс Де Минор на Јунајтед купот, но навивачите ги загрижи неговата повреда која го мачеше за време на натпреварот.

Ѓоковиќ на прес-конференцијата ги смири навивачите пред Австралијан опен каде што ќе ја брани титулата.

„Имав проблеми со повредата во изминатите денови, но денеска ситуацијата се влоши. Сепак, мислам дека ќе бидам во ред до Австралијан опен. Имам десетина денови и мислам дека сè ќе биде во ред. Оваа болка влијаеше на денешниот меч, но не би зборувал премногу за тоа“, кажа Ѓоковиќ.